Сончево и ветровито

0
280

Сабота започнува со сончево време. Наоблачување се очекува приквечер во западниот и северниот дел од земјата. Денот сепак ќе го одбележи високата максимална температура и ветерот во западниот крај.

Максималната температура ќе достигне вредности околу 37°С долж повардарие, околу 34°С во југозападниот крај и околу 31°С во повисокиот регион на истокот од земјава.

Ветерот ќе дува од југозапад и ќе биде умерен, а повремено засилен во југозападниот дел од земјата.