Сончево со мала до умерена локална облачност

0
307

Сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини има услови за појава на слаба магла. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Утре кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста особено во западните и југозападните делови на земјава ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во вторник и в среда ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, наместа повремено врнежите ќе бидат пообилни. Утринските температури ќе се покачи и насекаде ќе биде над нулата.