Сончево со мала до умерена облачност, утринската 3 во Битола

0
449

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-5 Скопје Петровец, -4 Кр. Паланка, Скопје-З.Рид, Куманово, -3 Тетово, -2 Маврово, -1 Дебар, Крушево, Берово, 0 Лазарополе, Пожаране, Ѓуриште, 1 Виница, 2 Штип, Тополчани, 3 Претор, Д. Капија, Струмица, Прилеп, Битола, 4 Охрид, 6 Дојран, Гевгелија.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта и утрово се задржа претежно облачно и тивко време, помалку облачност имаше во северните делови.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена облачност, а во јужните делови претежно облачно. Ќе дува слаб, долж Повардарието повремено умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Повеќе облачност ќе има во јужните делови. Утре по одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.