Сончево со мала до умерена облачност

0
318

Синоптичарите од УХМР за денеска предвидуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот е 7.

Утринската температура ќе се движи од од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 Целзиусови степени.

Во наредните денови ќе има стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје, температурите постепено ќе се покачува. В понеделник и во вторник ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, повеќе ќе биде изразен долж Повардарието.