Сончево со мала локална облачност

0
347

Во поголемиот дел од земјава денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Зголемено наоблачување ќе има во западните делови. На повеќето места е тивко само наместа има слаб ветер со променлив правец.

Кон крајот на денот во западните делови од земјата ќе има со услови за слаб дожд, а на планините со слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната дневна температура се очекува да достигне од 10 до 15 Целзиусови степени.

Во Битола утринската беше околу нулата, а дневата ќе достигне до 10 степени.