Сончево со мала облачност

0
217

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната температура од 30 до 36 степени.

Во петок и сабота сончево и топло време со максимални дневни температури кои што ќе се движат од 27 до 37 степени, односно од 29 до 38 степени. Во недела претежно сончево и топло време. Попладне појава на локална облачност која што во северозападните и западните предели може да услови развој на нестабилност која што ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 28 до 37 степени.

Без коментари