Сончево со мала облачност

0
527

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе биде поизразен.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневната температура ќе биде во постепен пораст. Во вторник и во среда се очекува температурата да достигне и до 40 степени.

Без коментари