Сончево, со појава на локална облачност

0
183

Во Македонија денес ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и малку потопло време. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 22 степен, додека пак максималните дневни од 25 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утре ќе имаме претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Максималните температури од 26 до 36 степени. Во петок и сабота сончево и топло време со максимални дневни температури кои што ќе се движат од 27 до 37 степени, односно од 29 до 38 степени. Во недела претежно сончево и топло време. Попладне појава на локална облачност која што во северозападните и западните предели може да услови развој на нестабилност која што ќе донесе врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 28 до 37 степени.

http://www.fakulteti.mk

Без коментари