Сончево со тропски температури

0
691

Времето во сабота во Македонија ќе биде многу сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со УВ индекс со вредност 8.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. На повеќе места во земјата температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а во Повардарјето ќе достигне и 40 степени.

Утринските температури се движат во интервалот од 13 до 20 степени, а максималните дневни ќе се движат од 31 степен во Маврово до 40 и 41 степен во Гевгелија односно Демир Капија. Во Битола и околината се очекува температурата да достигне до 35  степени.

Во недела попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност.