Сончево со умерена облачност

0
204

Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец не очекува денеска.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе има услови за локален дожд со слаб интензитет.

Од понеделник под влијание на изразено јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни, особено во вторник и среда. Локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.