Сончево со умерена облачност и благ пад на температурата

0
250

Во текот на денот повремено ќе дува засилен западен ветер, околу 60 километри на час, што ќе услови опаѓање на дневната температурата, особено во северните делови.

Утринските температури се движат од 12 Целзиусови степени во Берово до 20 во Гевгелија, додека максималните дневни ќе се во интервалот од 22 до 36 Целзиусови степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Дневната температура ќе биде пониска за 8 до 12 степени во однос на денешната.

Врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на работната седмица./крај/мф/ухмр

Без коментари

LEAVE A REPLY