Сончево со умерена облачност и температура до 21 степен

0
481

Денеска ќе има преодно стабилизирање на времето, се очекува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Температурите ќе се движат од 15 до 25 степени Целзиусови. Во Битола до 21 степен.

Нови врнежи од дожд ќе има во недела попладне, кои локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи.