Сончево со умерена облачност и температура во Битола до 24 степени

0
485

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој кон крајот на денот ќе ја намалува брзината. Минималната температура ќе се движи од 10 до 17, а максималната од  21 до 28 степени.

Во  недела по невообичаено ладните утра со температури од 6 до 15 степени во текот на денот ќе биде сончево и потопло со температури кои ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени во сабота, односно од 23 до 32 степени во недела.

Потопло време со дополнителен пораст на температурите ќе имаме во понеделник и вторник. Максималните температури во понеделник ќе се движат од 25 до 34 степени, додека пак во вторник тие ќе достигнат до 27 односно до 36 степени.