Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

0
641

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер поизразен во Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 17 до 27 степени.

Во Битола сончево времето со умрена облачност и температура до 22 степана.

Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник и вторник, кога се очекуваат врнежи во поголемиот дел од земјава, а од среда се најавува позначително, но не и долготрајно опаѓање на температурата.