Сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи

0
466

Сончево со мала до умерена облачност, попладне во северозападните делови со услови за локален краткотраен дожд и грмежи.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 30 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Следуваат денови со сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за 2 до 3 степена. /крај/ухрм