Сончево со умерена облчаност во наредните денови

0
364

Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и релативно топло. Слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 18 степени.

Во петок во Македонија се очекува продор на уште еден циклон кој ќе донесе нестабилно време со слаби врнежи од дожд во попладневните часови, претпладне се очекуваат и сончеви периоди. Максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 17 степени. Во сабота и недела претежно сончево и топло со дневни температури од 11 до 19 односно од 12 до 20 степени. Во понеделник се очекува претежно облачно време, но во попладневните и во вечерните часови услови за врнежи од дожд ќе има во западните и северозападните предели. Температурите од 12 до 19 степени.