Сончево, суво и стабилно време и во наредните три дена

0
278

Времето денеска ќе биде сончево и потопло од вчера со температури над просекот за овој период од годинава со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Денеска дневните температури ќе се движат од 18 до 24 Целзиусоови степени.

И во наредните три дена времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Утре и задутре дневните температурри ќе се движат од 17 до 23 степени, а во сабота од 15 до 21 степен.