Сончево време, попладне можност за локален дожд

0
1103

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови со изолирана појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во недела и во понеделник во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на места процесите ќе бидат и поинтензивни. Попладневната нестабилност ќе продолжи и во текот на следната недела и ќе биде со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање