Сончево време со локална облaчност

0
258

Во текот на ноќта времето беше ведро со мала облачност, студено и претежно тивко. Утринава во повеќето котлини има појава на  магла, ниска облачност и магла со намалена видливост. Најизразена е во Д.Капија и Полошката котлина и југоистокот каде видливоста изнесува до 200м.

 -4 Берово, -2 Тетово, Струмица, -1 Битола, Маврово, Скопје Петровец, 0 Гевгелија, Д. Капија, 1 Кр. Паланка, Прилеп, Лазарополе, Куманово, Скопје, Штип, 2 Охрид, Претор, Дебар, 3 Крушево, 4 Тополчани, Виница, Пожаране, Ѓуриште, 5 Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала локална облачност, а по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност со намалена видливост, особено претпладне.