Сончево време со локални врнежи од дожд

0
477

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Mаксималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 23 Целзиусови степени, во Крива Паланка 18, во Маврово 15, Дојран 25, Битола 20, Кавадарци 24, Охрид 19…

Утре времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локални поројни дождови и појава на грмежи. Дневната температура ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде постабилно и потопло со максимални дневни температурии и до 27 степени…