Сончево време со температура до 25 степени

0
440

Претежно сончево и свежо утро имаме денеска во Македонија, со утринска температура која е пониска од вообичаените за овој период од годината.

Околу пладне, прво во западните, а потоа и во другите предели ќе има зголемување на облачноста, која во попладневните часови ќе создаде услови за врнежи од дожд и за грмотевици.

Утринската температура ќе се движи до 15 Целзиусови степени, додека максималната дневна ќе достигне 28 Целзиусови степени.

Во Битола до 25 степени.