Сончево време, со температури до 40

0
259

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне во јужните делови е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната од 30 до 40 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Од УХМР известуваат дека претежно сончево и многу топло време ќе се задржи до петок. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе биде висока. Преку ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали

Без коментари