Сончево време, во Битола до 23 степени

0
182

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево, наутро свежо, преку денот потопло. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Битола до 23 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со постудени утра, а дневните температури ќе бидат во пораст.