Сончево време, во Битола до 28 степени

0
892

Денеска ни претстои сончев, жежок мајски ден. Цел ден ќе биде ведро, а температурата за прв пат годинава ќе надмине 30°С.

Долж повардарието ќе има вредности меѓу 30°С и 33°С. Котлините во западниот крај очекуваат максимална температура околу 27°С додека во источниот крај околу 29°С.

Утре ќе биде за нијанса потопло од денеска. Се очекува висока облачност која нема особено да го го намали впечатокот на сончево време. Во околината на планинските региони околу Јакупица во централниот регион, околу Ниџе и Кожуф на југ, како и Осоговскиот крај на североисток, можен е развој на облачносат која доцна попладне е можно да резултира со крткотраен дожд.
И денеска и утре вредноста на УВ индексот ќе биде висока, 8.