Сонети на летната ноќ-копродукција на Битола и Санта Барбара

0
324

Гостите од театарската компанија „Лит Мун“ во рамките на Битола Шекспир фестивалот, ќе ја изведат „Сонети на летната ноќ“, четири приказни инспирирани од Сонетите на Вилијам Шекспир.

Претставата која ќе биде изведена денес со почеток од 20 часот, а е копродукција помеѓу битолскиот театар, театарската компанија Лит Мун, е во режија на неколку режисери од Битола и Санта Барбара.

Фестивалот оваа година понуди специјално доживување со интерактивната претстава од Израел, можност да се види светската премиера на Јулие Цезар во режија на Џон Блондјел, тука се и двете изведби на полскиот театар.

– Театри кои гостувале на Шекспир фестивалот би дошле повторно тука, така што ќе ја продолжиме соработката- истакна уметничкиот директор Благој Мицевски, а посебен добар впечаток им остави публиката за која велат дека е отворена за сите театарски жанрови.