Сонетите на Шекспир на сцената во Битолскиот театар

0
398

Најновата претстава во битолскиот театар е по мотиви на
сонетите на Вилијам Шекспир, а во режија на Ангелчо Илиевски и Јован Ристовски.
– Сонетите на Шекспир се исклучително храбри, неконвенционални, луцидни.
Шекспир си поигрува, провоцира, се преиспитува себеси но и нас-вели
драматургот Билјана Крајчевска.
Во претставата се работи за две независни видувања на сонетите но вклопени во една целина.
Претставата на Ристовски е критика кин луѓето, што правиме во овој 21-ви век, каде одиме, дали ќе се уништиме меѓусебно, или ќе продолжиме да живееме со некои стандардни цивилизациски вредности.
Во оваа претстава играат Јулијана Мирчевска, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска која заедно со Огнен Дранговски и Габриела Петрушевска игра во двете претстави, Александар Копања.
– Да се работи текст на
Шекспир е во исто време и предизвик и задоволство-вели Илиевски.
Во оваа претстава покрај Степановска, Дранговски и Петрушевска, играат Петар Мирчевски, Филип Мирчевски, Иван Јерчиќ.
Костимите се на Благој Мицевски, сценографијата на Валентин Светозарев.
На 19ти април во рамките на 10 -тото издание на Шекспир фестивалот во Крајова, Романија, ќе се одржи конференција од европската асоцијација на Шекспир
фестивалите, на која ќе учествува Мицевски презентирајќи го битолскиот Шекспир фестивал.
Премиерата на Сонетите е на 18 -ти април,а втората изведба ќе биде на
23-ти, односно на денот на смртта на Шекспир, тоест на 400 години од неговата смрт. Од понеделник во битолскиот театар започнуваат пробите за новата претстава Злосторство и казна на Достоевски а во режија на Диего де Бреа.