Сонот на една младост

0
1244

Весна Поповска е наша битолчанка која веќе неколку години живее и работи во Австралија. Нејзината професија е стоматолог и таа одлично плива во професионалните води, но нејзина пасија од детството е пишувањето на поезија. Весна не е блиску до нас да направиме интервју за нејзините пориви поврзани со преточување на чувствата во зборови, но излегувањето на вториот циклус песни Сонот на една младост, не поттикна со оваа кратка ТВ. сторија да оддадеме почит на Весна. Минатата година Весна беше во Битола и ја промовираше својата прва стихозбирка. Мр. Билјана Герас рецензент на двете стихозбирки ќе напише: Грст мигови, грст желби, моќен поетски израз, кој во целост го прегрупира читателското внимание. Споменот на едно време, живее низ песните на Весна Поповска и триумфираше со две прекрасни збирки поезија, исечоци од животните недоречености.

Ја очекуваме Весна во Битола, лично да ја запрашаме за нејзините планови и професионални и оние со пишување поезија на нејзиниот мајчин македонски јазик. А до тогаш, сите кои што ќе имаат можност, нека ги пронајдат стихозбирките и нека запловат во редовите жедни за спој помеѓу минатото и иднината, тагата за детството со оддек на ѕвоната на младоста и сонување за приказна со среќен крај која денес на Весна Поповска и се случува во Аделаид Австралија.