Сонувај сон, свој сопствен сон

0
1002

Сонувај сон, свој сопствен сон, е мотото на седмото по ред издание на интернационалниот детски театарски фестивал Битолино.

– Првиот ден на Битолино е зад нас, мисијата успешна, многу емоции и задоволни деца-изјави Васко Мавровски директор на фестивалот, кој и оваа година е дел од програмата на Битолското културно лето.
Првиот ден беше отворен со претставата Јованче и Марика, вториот ден од фестивалот е насловен Важноста на театарот за децата кој содржи театарска работилница, сценско движење со која раководи српскиот актер Милан Пајиќ.
Потоа следува претставата гостување од Бугарија-Крушата Рагаца, после која следува театарска група од Битола .
Третиот ден продолжува со Гестот позборлест од зборот, после што следува претставата Фантазија и мимика, на театар студио Нада од Рума, Србија.
Фестивалот ќе го затвори театарската школа Бабец, со претставата Снежана и седумтте џуџиња.
Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае до 9-ти август.
Театарската игра е магија, но кога на сцената се играат претстави за деца тогаш таа е повозбудлива.
Инаку организаторот, Бабец театарот, е можеби единствениот детски театар во земјава, кој што толку трпеливо и упорно работи на својот сон.

Во 2010-тата се роди овој театар, со премиера на претставата Готвејќи го Шекспир. 5 години подоцна на конгресот на светската асоцијација на детски театри во Индија со 143 гласови За, Бабец театарот стана член на големото семејство на детски театари. Успешната приказна, продолжува и денес.

 

Без коментари