Сообраќајка и тешка кражба во Битола

0
1663

На 16.01.2016 година околу 01,00 часот во Битола на ул.„Никола Тесла“ случена е сообраќајна незгода во која ПМВ„Рено Клио“ со битолски регистерски ознаки управувано од И.Б.(24) удрил во врата од куќа и столб. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Т.Т. (25) од Битола и истата била пренесена во КБ-Битола за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

На 15.01.2016 година во Битола на ул.„Широка“непознат сторител со насилно отворање на прозор од куќа сопственост на Н.М.(41) извршил тешка кражба и одзел пиштол марка „Застава“М-57 калибар 7,62 мм кој го поседувал со одобрение и 50 куршуми калибар 7,62 мм, по што го напуштил местото на настанот. Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Битола и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.