Сообраќајка кај Карамани

0
2426

На 11.06.2016 година во 13.30 часот на крстосница од магистрален пат А3 Битола-Прилеп и локален пат за с.Карамани, се случила сообраќајна незгода помеѓу Трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки управувано од З.Ѓ(47) од Битола и ПМВ „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(41) од  Демир Хисар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од ПМВ А.В(73) од с.Сопотница Демир Хисар која е задржана на понатамошно лекување во КБ-Битола, додека со телесна повреда се здобил возачот М.Ј. и е пуштен на домашно лекување. По овластување на ОЈО увид извршила екипа од СВР-Битола.