Сообраќајка кај Лажани

0
602

На 02.01.2016 година околу 14,00 часот на локалниот пат с.Лажани-с.Житоше кај м.в.„Боринско“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фолксваген Голф“ со прилепски регистерски ознаки управувано од М.С.(39) од с.Житоше, ПМВ„Форд Ескорт“ без регистерски ознаки, управувано од Н.Д.(40) од с.Дебреште, и ПМВ„Фиат Брава“ со прилепски регистерски ознаки управувано од Ш.А.(60) од с.Житоше. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила една сопатничка од ПМВ„Фолксваген Голф“ С.С. која била пренесена во ГБ-Прилеп, за укажување на лекарска помош и е задржана за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Без коментари

LEAVE A REPLY