Сообраќајка кај Могила, 18 годишна девојка тешко повредена

0
2153

На 13.08.2016 година околу 02,00 часот на патниот правец Прилеп-Битола кај клучката Могила случена е сообраќајна незгода во која О.С. (38) од Прилеп  управувајќи моторцикл со прилепски регистерски ознаки поради неприлагодена брзина изгубил контрола и паднал на десната страна од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. (18) од Прилеп. Истата поради сериозноста на повредите била пренесена во КЦ-`Скопје. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа од ПС-Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот.