Сообраќајка кај Ротино

0
1303

На 18.09.2017 година во 17.05 часот на локалниот пат за с.Цапари, битолско, во близина на крстосницата за с.Ротино, се случила сообраќајна незгода во која П.Р. (22) од Битола, управувајќи патничко возило „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот, удрил во брег и се превртел на кров. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Г.И. (19) од Битола. Таа била пренесена и задржана на лекување во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Без коментари