Сообраќајка кај техничкото училиште во Битола

0
846

Нешто после 19 часот се случи сообраќајна незгода кај техничкото училиште во Битола. Како што првично велат од битолската полиција, незгодата се случила помеѓу автомобил марка Мерцедес со битолскиот регистарски ознаки и мопед на кој имало две малолетни лица. Според портпаролот на СВР Битола нема повредени лица. Полицијата врши увид.