Сообраќајка на патот Битола-Ресен, едно лице тешко повредено

0
1892

На 15.08.2017 година во 14,20 часот на патот Ресен-Битола, кај с.Раштани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Џ. (32) и трактор „Урсус“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Ѓ. (38). Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Д. (37), сопатник на тракторот, кој бил пренесен и задржан на лекување во Медицински центар Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Без коментари