Сообраќајка на патот Битола-Ресен, учествувале два камиона и два автомобила

0
4095

Магистралниот пат Битола-Ресен речиси пет часа доцна попладнево и вечерва беше затворен за сообраќај, а возилата се пренасочувале по стариот пат. Причина за ова како што за Тера рекоа од битолската полиција била сообраќајна незгода која во 16:10 часот се случила на два километра од бензиската станица на Лук оил.

Во сообраќајката учествувале две товарни и две патнички возила. Се случила кога товарно возило се превртело и удрило во патничко возило. А во незгодата учествувале и друго товарно и патничко возило.

Двата камиона биле со скопски и битолски регистарски ознаки, а двете патнички моторни возила со прилепски и битолски регистарски ознаки.

Според полицијата повредени биле две лица кои се наоѓале во патничкото возило со прилепски регистарски ознаки.

Заради оваа сообраќајна незгода, од 16:20 до 21:35 бил затворен новиот пат Битола-Ресен за сообраќај.