Сообраќајка на патот Битола-Ресен

0
2105

На 02.07.2016 година околу 17,45 часот на регионалниот пат Битола-Ресен кај Ротинска раскрсница случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Фиат Панда“ со битолски регистерски ознаки управувано од В.П.(59) од Битола и ПМВ„Форд Мондео“со битолски регистерски ознаки управувано од Љ.Н.(53) од Битола. Во незгодата со телесни повреди се здобила возачот В.П. и истата била пренесена во КБ-Битола за укажување на лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.