Сообраќајка на патот Ресен-Стење

0
903

На 06.01.2016 година околу 16,50 часот на регионалниот пат Ресен-Стење случена е сообраќајна незгода во која ПМВ„Цитроен Ц3“ со охридски регистерски ознаки, а управувано од Ц.Т.(28) удрило во пешак З.К.(45) од Ресен. Во незгодата истиот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во КБ-Битола за укажување на лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен во УЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.