Сообраќајка во Битола

0
1283

На 27.01.2016 година во 16.55 часот во Битола на крстосницата од ул. „Прилепска“ и ул. „Гоце Делчев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Даеву Матиз“ со битолски регистерски ознаки, управувано од Т.Т. (50) од с.Долно Оризари, битолско и ПМВ „Ауди“ со битолски регистерски ознаки, управувано од З.З. (33) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на четвртиот вратен пршлен и набиеници на главата) се здобил возачот на ПМВ „Матиз“ Т.Т., кој е задржан на лекување во Медицинскиот центар во Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY