Соопштени нови четири имиња за кандидати за градоначалници

0
729

За Град Скопје, актуелниот градоначалник  Коце Трајановски. За општина Росоман, актуелниот градоначалник Стојанче Лазов. За општина Гази Баба, актуелниот градоначалник Тони Трајковски и за општина Дебар, го предлагаме докторот Драган Клопчески, лекар во здравствениот дом во Дебар, соопшти генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

„Овие кандидати како и досега промовираните кандидати се потврда на нашиот приоритет и понатаму да работиме посветено на континуираниот развој на општините и квалитетот на живеење на граѓаните. Тие ќе бидат тимот кој ќе продолжи да гради нови улици, училишта, градинки, локални патишта, да ја подобрува комуналната услуга, да изгради нова инфраструктура и пред се да биде подобар сервис за потребите и барањата на граѓаните“ рече тој.