Сопственик на албанска нафтена индустрија уапсен во Швајцарија

0
456

Сопственикот на албанската нафтена индустрија „Оил Тачи“, Резар Тачи уапсен е во Швајцарија и му е одредена  мерка притвор.

Извори на Интерпол Тирана за телевизијата Еј-Би-Си Њуз потврдиле дека албанскиот нафтен тајкун во Женева е уапсен под обвиние за „измама“, „фалсификување документи“ и „фалсификување печати и формулари“.

„Истрагата против него почна по обвиненијата од две компании, една регистрирана во Панама под име „Wallis Trading INC” и втората во Холандија „Trafigura Beheer Bv” , кои со компанијата на Тачи имале трговски договор потпишан 2009 година“ – изјави изворот.

На 5 мај 2014 година, швајцарските власти побарале помош од албанското Јавно обвинителство за неколку истражни дејствија. Меѓу нив достапност до договорите на компанијата на Тачи, верификација на банкарските сметки на компании и личности, увид на банкарски трансакции и повикување на разговор на четири лица, меѓу нив сестрата и внукот на Резарт Тачи.

Резарт Тачи, како сопственик на рафинеријата „АРМО“ во Албанија за четири години затаил данок во износ од околу 6 милиони евра. И албанските власти против него имаат поднесено кривична пријава за „затајување данок“.