Сопствениците се во заблуда, кучињата не чувствуваат вина или срам

0
489

Погледот кој кај кучето покажува чувство на вина или на срамење, е само мит, сметаат научниците кои не веруваат дека кучињата се способни за така сложени чувства и покрај впечатокот што го оставаат.

Иако сопствениците на кучињата веруваат дека нивните миленици имаат карактеристичен покајнички израз откако ќе згрешат нешто, научниците велат дека не станува збор за сложеното чувство на вина, туку за реакција на говорот на телата на нивните стопани.

Во рамките на експериментот, сопствениците прво ги учеле кучињата да не го јадат оброкот кој бил оставен во нивна близината и потоа ја напуштале собата, а влегувало друго лице коешто го земала јадењето или ги поттикнувало да го изедат.

Сопственикот на кучето потоа повторно би влегувал во просторијата и според изразот на кучето заклучувал дали оброкот е однесен или нивниот миленик го изел. На стопаните не им успевало да заклучат што се случило.

„Доколку тој покајнички израз навистина е одраз на чувството на вина, тогаш би го покажувале само кога ќе сторea нешто погрешно. Меѓутоа, тоа не беше случај“, вели за лондонскиот дневен весник The Telegraph, Љерка Остојиќ, научник од универзитетот Кембриџ.

И нејзината колешка Сузан Хазел од универзитетот Аделаид, го има истото мислење. „Спроведени се многубројни истражувања и доста е јасно дека кучињата немаат и не покажуваат чувство на вина. Нивниот мозок така не функционира“, вели таа.

Без коментари

LEAVE A REPLY