Соработка меѓу битолскиот Универзитет и Универзитет од Израел

0
416

Aкадемска делегација од Универзитетот BarIlan од Израел неколку дена присуствува во Битола, ректорот Коруновски најави идна соработка меѓу двата Универзитети и посочи дека целта на оваа средба не е само академската соработка туку и во практиката да се развијат проекти со што ќе се доближат Македонија и Израел.

– Оваа соработка започна со помош на Еразмус+ програмата. Разговараме за конкретни проекти и соработка која што ќе даде една додадена вредност на работата на нашите Унивезритети, изјави проф. Д-р Сашо Коруновски Ректор на УКЛО

Битола е централно место од каде што треба да започнат со истражување.
-Универзитетот во Израел работи две години на реставрација на еврејските гробишта, а како што знаеме дека во Битола постоеше повеќе од 100 години еврејска заедница и сметам дека Битола е централно место од каде што треба да започнат со истражување, изјави Рахел Леви Друмер, проректор за наука

Преку оваа соработка му се оддава почит на сите Евреи кои биле протерани од Македонија и настрадале во периодот на холокаустот.
– Доаѓам тука како директор на Институтот Ладино, тоа е јазик кој што го зборувале Евреите во минатото ние дојдовме како дел од делегацијата заедно со професори и членови на академскиот кадар на BarIlan Универзитетот, а интересно е за овој Универзитет што е основан за време на холокаустот а тоа значајно за нас и за нашата нација  и така им оддаваме почит на сите оние кои настрадале во периодот на холокаустот, изјави Проф. д-р Шмуел Рефаел – Салти Институт за ладино

Она што оваа делегација го приметила тука е испреплетеноста на македонската култура со еврејската и поради тоа се надеваат на успешна соработка.
– Доаѓам како претставник на хебрејската уметост на BarIlan, во текот на неколкуте денови колку што престојувавме тука, забечежав дека еврејската култура е широкораспространета во Битола, изјави Проф. д-р Илиа Родов – Катедра за хебрејска уметност

Инаку Унивезритетот св.Климент Охридски Битола претставува квалитетно образование на млади кадри во квалификувани и компетентни стручњаци спремни да конкурираат на националниот и меѓународниот пазар на труд.