Соработка на Битолскиот и Дубровачкиот музеј

0
328

Во битолскиот завод и музеј беше промовиран почетокот на соработката со дубровачкиот музеј , со гостувањето на гостите од етнографскиот музеј од Дубровник.

Гостите имаа свои презентации и презентираа дел од нивното богато културно наследство.

-Ова е можеби прва меѓународна сораобтка во која ние го презентираме вашето културно наследство, од кое дел е токму во нашиот музеј-истакнаа гостите.

Тие изјавија дека и Македонија треба да работи на заштита на нематеријалното културно наследство, кое е еживо и не може да постои без луѓето и е суштински дел од идентитетот на еден народ.
Се планира следната година колекцијата да се обработи и да се направи заедничка изложба во Дубрoвник, а потоа изложбата да се презентира во Битола.