Соработка на Виктор Апостоловски со британски продуцент

0
465

 

По песната You were mine, од почетокот на кариерата, Виктор Апостоловски, сними уште една песна на англиски , со наслов Да те сакам како треба, односно love you right.

Oвој сингл е снимен со британскиот музички продуцент Синовокс и е резултат на меѓународен натпревар на кој учествуваше Апостоловски пред неколку години.

– Пред неколку години, дружејќи се на еден меѓународен натпревар по музичка продукција, на кој го освоив 5-тото место од 1.500 натпреварувачи, покрај безбројните комплименти што ги добив, направив и многу контакти околу светот. Еден од тие контакти беше и Синовокс. Tој беше првиот што изрази воодушевување од моите гласовни и продукциски способности и ми предложи соработка. Откако ја слушнав музиката што ја направил, и го осетив духот на песната, седнав, напишав текст, ја средив музиката, и ја добивме песната ’Love You Right’.

Во моментов работи на музичка трилогија односно, на англиски но и две македонски песни.

Покрај сето ова, Виктор предава во приватното музичко училиште Мјузик , но успева да ги заврши сите обврски.

Апстоловски не информираше дека албум може неговите фанови да очекуваат во септември.

Love You Right е навистина одлична денс нумера, која сигурно ќе му помогне на Виктор полека, но сигурно да се пробие на светската сцена.

Песната е веќе пуштена на каналот Јутјуб, а ја има на водечките светски платформи.

Оваа пролет ќе се снима и видео запис.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY