Соработка помеѓу Битола и Бања Лука

0
379
Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, заедно со амбасадорот на БиХ во Република Македонија и почесниот конзул во Битола, денес остварија работна посета на општина Битола. На средбата беше договорена идната соработка помеѓу Битола и Бања Лука која предвидено е да се одвива во сите сфери на општественото живеење.
„Мило ми е што денес имав можност да одржам предавање на Универзитетот „Свети Климент Охридски” и што сум во Битола, град кој што од пред 70 години имал добра соработка со Бања Лука, од каде што јас доаѓам, а исто така и универзитетите од двата градови имале своевремено добра соработка. Јас се надевам дека ова денес е почеток на обновување на таа добра соработка, која што е во интерес на сите, затоа што и Бања Лука е град на конзулите, како и Битола, Бања Лука е втор најголем град во Босна и Херцеговина, а Битола во Македонија. Мислам дека менталитетот, пријателството, соработката ќе бидат основа за добра соработка. Се надевам дека добро ќе соработуваме на почеток во областа на културата, културните институции а потоа се надевам дека ќе завршиме и со добра економска соработка”, изјави членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, професор д-р Младен Иваниќ.
„Идејата е одлична затоа што Битола нема официјално збратимен град од Босна и Херцеговина, така што мислам дека ова е една голема предност и ќе се однесува на сите сегменти од општественото живеење. На почетокот, најлесно е да направиме релација преку културата, за тоа веќе имаме увид, така што очекувам оваа година тоа да го реализираме“ изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.