Соработка во хирургијата меѓу клиниките од Битола, Лерин и Корча

0
1400

Потпишан договор за соработка помеѓу битолската клиничка болница и клиничките болници од Корча и Лерин, со цел да се развијат нови методи во однос на хирургијата.

Целта на овој меморандум е во секоја од овие болници да има врвни едукатори од Европската Унија кои ќе им пренесат знаење, односно во секоја болница едукаторите да ги едуцираат лекарите со по три нови техники, а потоа лекарите откако ќе ги научат техниките да ги пренесат со останатите партнерски болници и обратно, лекарите од Корча и Лерин знаењето да го споделат со битолските лекари.

– Соработката меѓу трите болници значи почеток за развој на технологии во областа на хирургијата. Воспоставената соработка обезбедува континуитет и непречен престој на лекарите од трите градови, изјава Жаклина Сервини, заменик директор во Клиничка болница-Битола.

Но кои се првичните методи кои се замислени за во битолската болница ?

-Васкуларна хирургија, хируршки методи за периферните крвни садови, тоа планираме да го реализираме со едукаторите од врвните институцииа исто така и како трета метода планираме да имплмнетираме лапараскопски операции на дебело црево, и сметам дека тоа би бил одличен бенефит за пациентите во повеќе параметри, изјави Стефан Талев, НВО МИРАЦ Битола

Партнерите од Флорина и Корча се надеваат на добра и успешна соработка.

– Очекувам голема соработка меѓу трите клинички болници од регионот и тоа ќе биде посебно од корист за нашите пациенти, за нашите колеги и други корисници на нашите услуги и медицински технологии, изјави Агрон Киро, директор на Клиничката болница во Корча, Албанија,

Главниот бенефит од оваа соработка е тоа што пациентите кои би имале проблем со хируршка интервенција ќе нема потреба да патуваат во другите градови бидејќи ќе можат да ја добијат соодветната нега и во својот град.

– Основната цел од оваа соработка треба да резултира со формирање на регионален хируршки центар и програма за развој со примена на нови технологии. Со оваа програма пациентите нема да има потреба да патуваат за да се лекуваат во други градови туку само во Битола, Лерин или Корча, изјави Георги Константидис претставник на клиничката болница во Лерин.

Инаку овој проект трае 24 месеци и се очекува да започне со реализација од февруари, бидејки како што рекоа се чека одобрување од фондот на Европската комисија.