Состанок на работната група за договореното во Пржино

0
277

Претставници на четирите партии потписнички на договорот од Пржино вчера во Скопје го отворија прашањето за подобрување на изборниот процес. На првата средба на работната група тие ги слушнаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР за измена на изборните закони и за начинот на чистење и создавање нов избирачки список. Неофицијално, преовладувал предлогот за активно запишување, односно претходно запишување на избирачите на одреден период пред изборите. Освен политичките партии, на средбата учествуваа и претставници на ДИК, Министерството за правда и на невладините организации што ги следат изборите како „Мост“ и „Цивил“. Работната група ја продолжува работата во идната недела.