Состојбата на границата е стабилна

0
388

Состојбата на јужната и на северната граница и прифатните центри кај Гевгелија и Табановце во изминатите 24 часа е мирна и стабилна, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите 24 часа во прифатниот центар Табановце пристигнале и заминале вкупно 2.715 мигранти. Според податоците од МВР, од ноќеска на полноќ до 8 часот утрово на Табановце се пристигнати 45 лица, а се издадени 12 потврди за азил. Моментално, информираат од МВР, во кампот се наоѓаат 280 лица.

Според МВР, во прифатниот центар на јужната граница во Гевгелија во овој момент, во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат кон Табановце.

Без коментари

LEAVE A REPLY