Социјалните мрежи – место за промовирање

0
420

Половина од домашните компании ги користат социјалните мрежи како место за промовирање.

Најмногу користен е Фејсбук, а потоа следуваат LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, широкопојасен пристап на интернет имале 93.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 59.1% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop, smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 11.4% од вработените во деловните субјекти.

Околу 52% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 79% на веб-страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 40.2% имале наведено линкови/референци до нивните профили на социјалните медиуми, а 16.4% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.

Од 2007 година до денес, интересот за користење на интернетот како канал за комуникација со своите потенцијални и сегашни клиенти кај македонските е зголемен.

-Компаниите сега гледаат да направат веб сајт, профил на социјалните мрежи, вели Предраг Стојковски, Нова Солушнс.predrag

Во текот на 2014 година, 7.7% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 3.6%, а е-купувања имале 5.9% од деловните субјекти.